Достапни линкови

logo-print

Во конфликтот во Сирија е употребено хемиско оружје


Илустрација.

Илустрација.

Во конфликтот во Сирија е употребено хемиско оружје, утврдиле инспекторите на Обединетите нации. Но, во новиот извештај на организацијата нема заклучок кој е одговорен за тоа, дали владата или опозициските сили. Во извештајот кој беше објавен вчера се наведува дека нервниот агенс сарин бил користен за време на нападот на 21 август во близина на Дамаск. Нападот предизвика осуда во целиот свет и беше повод за мисија на ОН за да се уништат залихите на хемиско оружје на сириската влада. Во извештајот се вели дека има докази кои покажуваат дека хемиско оружје, исто така, веројатно се користело и за време на некои други напади во периодот меѓу март и крајот на август.
XS
SM
MD
LG