Достапни линкови

Државниот буџет на Грција, пред суфицит


Грција соопшти дека за 11 месеци ги постигнала годинашните буџетски цели и оти е на пат да постигне и скромен суфицит, не сметајќи ги расходите за сервисирање на државниот долг. Министерството за финансии прецизира дека податоците покажувале буџетски дефицит од 3,2 милијарди евра, а не како што се предвидуваше 4,3 милијарди. Владата се надева на примарен суфицит, бидејќи тоа е клучен услов Грција да добие натамошна помош од европските партнери.
XS
SM
MD
LG