Достапни линкови

ЕК ќе преговара со Русија за Јужен тек


Шестте земји на Европската унија кои потпишаа со Русија спогодби за изградба и за учество во гасоводот Јужен тек ја овластија Европската комисија да преговара со Москва за усогласување на тие спогодби со законите на Унијата. Ова денеска во Брисел го соопшти еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер. „Ќе разговараме со Русија и сметаме дека Јужен тек е многу важно дополнување на северносевропската мрежа гасоводи. Ние не сме против, туку мора да се почитува европското законодавство“, изјави Етингер по состанокот со ресорните министри на Грција, Бугарија, Унгарија, Австрија, Хрватска и Словенија.
XS
SM
MD
LG