Достапни линкови

Задолжувањето е неодржливо на долг рок затоа што средствата добиени од заеми се трошат за непродуктивни расходи, смета СДСМ.

Над 5,6 милијарди евра достигна надворешната задолженост на Македонија, покажуваат последните податоци на Народна банка. Од оваа сума само надворешниот долг на Централната влада заклучно со октомври изнесува 1,6 милијарди евра, додека пак вкупниот долг на Владата изнесува 2,7 милијарди евра.
Сега се сетивме, ама не ја преземаме одговорноста за претходните 7-8 години кога се задолжувавме само и само за непродуктивни расходи.

Гувернерот на Народна Банка, Димитар Богов вчера предупреди дека иако темпото на задолжување на државата е помало од останатите земји кои се соочуваат со кризата, сепак тоа треба да се намали.

Неодамна и ММФ и Светската банка упатија препорака до земјава да го забави задолжувањето. Опозицијата смета дека задолжувањето на државата е неодржливо на долг рок затоа што средствата добиени од заеми се трошат за непродуктивни расходи.
Пуштен во употреба регионалниот пат Пробиштип – Свети Николе.

Пуштен во употреба регионалниот пат Пробиштип – Свети Николе.


Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов вели дека се согласува со препораката на Богов но во неа недостасува информацијата на што се трошат средствата од задолжувањето споредено со другите држави. Тој додава дека во таква ситуација се наметнува прашањето зошто Владата до сега не го послушала гувернерот.
Сите понатамошни надворешни задолжувања треба да бидат исклучиво во функција на носење на профит во наредниот период.

„Зошто за догодина не предвидува дека треба да почне да се намалува долгот, напротив се предвидува се поголем и поголем долг, значи дека тука постои спротивставеност меѓу тоа што го кажува Гувернерот и тоа што го прави владата, а мене не ми изгледа на добро.“

Претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески смета дека последните проекции на ММФ, Светската банка и ЕУ укажуваат на поголем економски раст на светско ниво, а со тоа значи дека полека се излегува од економската Гувернерот Димитар Богов и Бранко Азески.

Гувернерот Димитар Богов и Бранко Азески.

криза. Тој смета дека со проценката на Народна Банка за намалување на темпото на задолжување ќе се остави место при евентуални кризни ситуации во наредниот период да може се има простор за надворешно задолжување. Но прашањето е дали државните институции ќе ја послушаат препораката на гувернерот.

„Мислам дека сите аргументи треба да бидат извадени на вага, трезвено да се размисли, да се донесат смели потези, затоа што јасно преовладува мислењето дека сите понатамошни надворешни задолжувања треба да бидат исклучиво во функција на носење на профит во наредниот период, тие средства да се вложат за да има поголеми буџетски приходи за државата.“

Узунов додава дека најголем проблем во задолжувањето е на што се трошат тие пари.

„Владата дури сега планира за наредната година, ако тоа се оствари, да почне со задолжување за да се градат автопатишта, сега се сетивме, ама не ја преземаме одговорноста за претходните 7-8 години кога се задолжувавме само и само за непродуктивни расходи.“

Монетарците предупредуваат дека ризиците од европската криза се суште присутни, и поради тоа треба да се внимава со новите заеми – посебно на јавните претпријатија. И ММФ и Светска Банка сметаат дека јавниот долг не е загрижувачки, но треба да се контролира.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG