Достапни линкови

Дневен печат - Стечајци, задолженост и поскапувања


Илустрација:

Илустрација:

Собранието не го поддржа предлог законот за стечајци, позитивната оценка од Светска банка за македонската економија и новогодишните поскапувања најдоа место во дневниот шечат.

Декември, се чини, станува традиционално проблематичен месец за македонската политичка сцена. Веќе никој не знае што стана со Анкетната комисија за ланскиот 24 декември, а вчера се случи нова „дешавка“.
Нови цени како предновогодишна честитка - во маркетите низ градот рафтовите се полни со нови производи, но и со нови цени.

„Опозицијата ја напушти собраниската седница - Собранието не го поддржа предлог законот за стечајци“ - излезе со наслов Дневник. Утрински информира дека насобраните стечајци пред Собранието имале „блиски“ средби со специјалците, а за Вечер, се разбира, СДСМ повторно прави метеж: „Веќе видено сценарио - СДСМ ги бутка стечајците да прават нереди пред Собранието“ - објавувајќи фотографија на Шеќеринска како се гушка со познатата стечајка од Куманово.
Од март ќе има редовни железнички линии Скопје - Солунско пристаниште.

Позитивната оценка од Светска банка за македонската економија му овозможи на вицепремиерот и прв финансиер Ставрески да се пофали дека тоа е потврда за добрите економски политики на Владата, како што објавија и Дневник и Утрински.

Граѓаните, некако збунети: „Нови цени како предновогодишна честитка - во маркетите низ градот рафтовите се полни со нови производи, но и со нови цени“ - забележува Утрински.

Дневниот Капитал и Дневник пишуваат дека „Девизните резерви на државата се намалија за 27,7 милиони евра“, но дека гувернерот Богов уверува дека во наредните две години се очекува тие да растат. Утрински, пак, информира за изјавата на гувернерот дадена пред студентите на еден скопски колеџ дека „Темпото на задолжување на државата треба да се намалува“ и дека „Македонија треба да биде внимателна и да извлече поука од примерот на другите земји во регионот, кои западнаа во тешкотии поради забрзаното задолжување“.

Како и обично, кај нас секое чудо трае три дена, јавноста веќе заборави, но има нови моменти за исчезнувањето вредни предмети од Музејот на Македонија: Полицијата утврдила дека меѓу украдените артефакти се и златните обетки што ги красат банкнотите од 500 и од 1.000 денари - информира Дневник.

И нешто навистина историско. Градоначалникот на Солун се одважи да го посети Скопје: „Јужен ветер за македонските и грчките бизнисмени“ - забележува Утрински. Нова Македонија јави дека „Од март ќе има редовни железнички линии Скопје - Солунско пристаниште“.

И како за крај, нешто што многу кажува за политичкиот менталитет на државава: Утрински во редакциски коментар насловува: „Македонија нема време за Мандела - на комеморацијата со лидери од преку 90 земји, немаше претставник од Македонија и Нелсон Мандела дефинитивно не е лидер каков што почитува политичката елита во Македонија“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG