Достапни линкови

Европскиот Парламент со резолуција за Украина


Европскиот парламент донесе резолуцијата со осуда за одлуката на украинскиот претседател Виктор Јанукович да не го потпише договорот за асоцијација со Унијата. Во документот исто така се осудија "насилните настани" на 9 декември, кога безбедносните сили " извршиле напад врз канцелариите на опозициските партии и независните медиуми како и поради малтретирањето на демонстрантите. Пратениците на ЕУ повикаа на итно започнување разговори меѓу украинската влада и опозиција. Во резолуцијата од земјите-членки на ЕУ се бара брзо да се усогласи безвизен режим за украинските граѓани. Резолуцијата ја осудува Русија за "неприфатлив политички и економски притисок" врз Киев и ја повикува Европската комисија да разгледа можни контрамерки.
XS
SM
MD
LG