Достапни линкови

Нема решение за стечајците


Архивска фотографија: Протест на стечајците во Куманово.

Архивска фотографија: Протест на стечајците во Куманово.

Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е виновен за стечајците, но нивниот проблем остана нерешен.

Законот за материјално обезбедување на невработени лица не помина во Собранието и уште еднаш стечајците останаа без обештетување. Власта и опозицијата дебатата ја тераа со меѓусебни обвинувања за тоа кој е виновен за нивната ситуација. Не е прв пат едните да ги напаѓаат другите и обратно, како и да има несогласувања за проблемите на одредени групи на граѓани, при што изостанува решението, велат нашите соговорници. Според нив, наместо да се трошат пари за споменици може да им се помогне на стечајците.
Кај секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одиме пред куќа и ќе протестираме. Втор чекор ќе биде сите тужби, извршни решенија и сметки за плаќање ќе се носат во владата за таа да биде задолжена да ги плати.

Претставникот на стечајците Љиљана Ѓорѓиевска вели дека ќе преземат порадикални чекори кои ќе се спроведуваат сè додека нивните барања не бидат исполнети.

„Кај секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одиме пред куќа и ќе протестираме. Втор чекор ќе биде сите тужби, извршни решенија и сметки за плаќање ќе се носат во владата за таа да биде задолжена да ги плати. Трет чекор ќе бидат протести пред Собранието или Владата“, вели Ѓорѓиевска.

Професор Здравко Савески вели дека Македонија според Уставот е социјална држава, но сè помалку во реалноста тоа се почитува. Според него, треба да се премине од вербална на фактичка поддршка на проблемите на стечајците и другите загрозени граѓани и секој што располага со власта тоа треба да го направи.
Најчесто политичките партии, бидејќи во реалност воопшто не се социјално ориентирани, ги користат социјално загрозените категории за евтини политички поени.

„Најчесто политичките партии, бидејќи во реалност воопшто не се социјално ориентирани, ги користат социјално загрозените категории за евтини политички поени и им потфрлаат некоја трошка за да речат дека нешто направиле, но во реалноста воопшто не ги решаваат нивните проблеми“, вели Савески.

Граѓанскиот активист Џелал Хоџиќ вели дека власта не гледа политички бенефит ако го реши проблемот со стечајците и за нив тие се само бројка.

„Има една лоша тенденција на владејачките партии, посебно ВМРО-ДПМНЕ, преку медиумите кои ги контролира, секој протест, без разлика од која група на граѓани е, ако потекнува од реалното незадоволство од негрижа на владата и нејзината лоша работа тие го етикетираат и со тоа го одвлекуваат вниманието од реалниот проблем“, вели Хоџиќ.

Секоја власт, според нашите соговорници, вината ја бара кај опозицијата, која има поголем слух за проблемите на граѓаните, бидејќи не располага со моќ да донесува важни одлуки.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG