Достапни линкови

Ештон - Јанукович ми кажа дека ќе го потпише договорот со ЕУ


Шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, изјави дека украинскиот претседател Виктор Јанукович и рекол дека има намера да го потпише договорот за трговија и соработка со ЕУ.
Одбивањето на Јанукович да го потпише договорот минатиот месец масовни протести во Киев. Ештон денеска во Брисел изјави и дека економските интереси споменати од страна на Јанукович може да се ублажат со потпишување на Спогодбата за асоцијација, која ќе донесе свежи инвестиции.
Во меѓувреме, над илјада луѓе маршираа до канцеларијата на Јавниот обвинител во Киев барајќи слобода за уапсените про европски демонстранти.
XS
SM
MD
LG