Достапни линкови

Путин и се обрати на нацијата


Рускиот претседател Владимир Путин редовното годишно обраќање до парламентот го искористи за широк спектар на прашања од Иран и Украина, до американскиот експанзионизам и руската воена супериорност.
За Иран, Путин рече дека договорот ќе и овозможи на земјата да развие атомска енергија за мирољубиви цели.
Зборувајќи за кризата во Украина, Путин рече дека се надева оти Киев може да изнајде политичко решение и оти Украина можела да реши дали сака или не сака да и се приклучат на Царинската унија предводена од Русија.
Путин , исто така, изјави дека нема да дозволи некој да постигне воена супериорност над Русија.
Тој, исто така, индиректно ги критикуваше САД, велејки дека Русија не претендира да биде суперсила или да ги учи другите како да се живее, практика која, според Путин, довела до "неред и хаос" на Блискиот Исток и Северна Африка.
XS
SM
MD
LG