Достапни линкови

Скопје 2014 - демократија и национализам не одат заедно


Проекот со кој требаше да се зајакне македонскиот национален идентитет, се покажа како многу полезен за добивање политички поени.

Откако поставувањето на споменикот на Цар Душан како дел од проектот Скопје 2014 предизвика бурни реакции кај некои граѓани, скопјани се уверени дека сите поделби ги предизвикуваат политичарите. Иако има и такви кои велат дека никој не може да ги натера граѓаните да преземаат постапки кои не ги сакаат, повеќето се согласуваат дека проектот Скопје 2014 фрла сенка врз секојдневните проблеми на луѓето.
За се што се случува, за се е виновна политиката, народот не е виновен, само го тераат, најверојатно за да го оттргнат вниманието од другото што се случува во државата.

„За се што се случува, за се е виновна политиката, народот не е виновен, само го тераат, најверојатно за да го оттргнат вниманието од другото што се случува во државата.“

„Не сакам веќе ни да ги слушам, оти едно исто зборуваат, се само тоа се слуша.“

„Овие поделби можеби и порано си постоеја, само можеби не беа така изразени. На оваа немаштија, невработеност, те иритира зошто се вложува на друго место.“

„Катастрофа е ова што се прави. Наместо да прават споменици, треба да отворат фабрики, луѓето да се вработат, за да не питачат и да не претураат по кантите.“

Проекот кој иницијално беше замислен со крајна цел да се зајакне македонскиот национален идентитет, се покажа како многу полезен за
Сите имаме емоции и национализмот игра на таа карта на емоции, другите решенија кои се бараат се непопуларни, не носат политички поени.
добивање политички поени, но и како можност што подолго да се остане на власт, вели професор Мирјана Малевска.

„Сите имаме емоции и национализмот игра на таа карта на емоции, другите решенија кои се бараат се непопуларни, не носат политички поени, таман и добро и дојде на ова а партија на власт да го користи национализмот.“

Малевска гледа две главни причини за продлабочување на недовербата меѓу етничките заедници во земјава и инцидентите поврзани со Скопје 2014 година.

Првото е што на власт дојде партија која самата се декларира како национална, а политиката на оваа влада свртена кон сопствената нација само по себе создава потенцијал за евентуални конфликти. На тоа пак се надоврзува реалната политика на актуелната Влада која преку конкретни проекти одлучи да се инаети со Грците и да ја надигра грчката актуелна политика, вели Малеска.

„Спомениците симболички сакаат да го прикажат приматот на оваа нација, на оваа територија и ги иритира до таму што веќе посегнуваат по рушење на споменици припадниците на други етнички заедници, особено Албанците.“

Наместо да се оптоваруваме со историја експертите сугерираат да се свртиме кон заедничките човекови вредности. Малевска потсетува дека слободата, демократијата, слободата на печатот, правата на маргинализираните заедници се само дел од тие вредности.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG