Достапни линкови

Уште една грчка партија го нападна Бутарис


Во Грција покрај вербалниот напад на Златна Зора која солунскиот градоначалник Јанис Бутарис го нарече предавник за неговото учество на презентацијата на Солун во Стопанската комора на Македонија и Партијата „Независни Грци“ соопшти дека „со тоа што прифатил да стои пред банер на кој пишува Стопанска комора на Македонија, Бутарис ја поддржува пропагандата на Скопје“. „За историската вистина за грчкиот карактер на Македонија не се преговара. Со игнорирањето на провокацијата од страна на словенските соседи од Скопје , Бутарис продолжува да ја признава нивната пропаганда заборавајќи дека го претставува грчкиот народ и дека градоначалник на Солун , а не на Скопје“, се вели во соопштението на партијата.
XS
SM
MD
LG