Достапни линкови

САД и Британија ја суспендираа помошта за опозицијата во северна Сирија


САД ја запреа целата невоена помош за опозицијата во северна Сирија. Претставник на американската амбасада во Анкара изјави дека овој потег доаѓа откако исламистичките бунтовнички сили се свртеа против Слободната сириска армија (ФСА), која е поддржана од Западот. И Велика Британија подоцна потврди дека ја суспендира невоената помош.
Борците на Исламскиот фронт, сојуз од 6 најголеми бунтовнички групи, неодамна ја презедоа контролата врз базите на ФСА во Баб ал Хава, на границата со Турција. Претходно Исламскиот фронт објави дека не ја прифаќа власта на командата на Слободната сириска армија.
Исламскиот фронт беше формиран во минатиот месец кога 6 групи се обединија и се заложија дека ќе работат на формирање исламска држава.
XS
SM
MD
LG