Достапни линкови

Проблем со систем за ладење на Меѓународната вселенска станица


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека има проблем со еден од системите за ладење на Меѓународната вселенска станица. Официјални лица го опишаа проблемот како потенцијално сериозен, но оти тој не претставува непосредна закана за членовите на екипажот во кој има тројца Руси, двајца Американци и еден Јапонец. Тие изјавија дека инженерски тим работи на решавање на проблемот.
XS
SM
MD
LG