Достапни линкови

logo-print

Австралискиот врховен суд поништи геј бракови склучени во Канбера


Австралискиот врховен суд го отфрли новиот закон во една област од земјата која ги дозволи првите геј бракови во оваа држава. Судот соопшти дека само националниот парламент, а не властите на држава или територија, имаат право да донесат одлука дали истополови двојки можат да стапат во брак. Оваа одлука ги поништи геј браковите кои се склучија на територијата која го опфаќа и главниот град Канбера, каде што законот стапи во сила во минатата сабота.
Федералната влада ја оспори валидноста на законот, истакнувајќи дека земјата не треба да има различни закони за брак во одделни региони, додавајќи оти актуелниот федерален закон вели дека бракот може да биде само меѓу маж и жена.
Легислативата за промена на овој закон и за дозволување на истополови бракови досега беше два пати отфрлана во националниот парламент.
XS
SM
MD
LG