Достапни линкови

Општина Центар - Училиште или катна гаража


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат општината да изгради и катна гаража и училиште во Капиштец, додека градоначалникот Жерновски вели дека има пари само за еден објект и оти приоритетно е училиштето.

Општина Центар во 2014 година треба да плати долгови за Скопје 2014 во вредност од 4,5 милиони евра. Станува збор за споменици и плоштади кои се веќе изградени и поставени, а сè уште не се доплатени трошоците за нив, како на пример споменикот на Христо Узунов, Павел Шатев, Христо Татарчев и Васил Чакаларов. Во предлог буџетот на општината е наведено дека во оваа ставка влегуваат и спомениците на Неџат Аголи, Пјотр Богдани и Јосиф Багери за кои што не се завршени работите околу лиењето и нивното поставување.
Вие и во вашата програма имавте предвидено и катна гаража и изградба на градинка и изградба на основно училиште.
Даниела Рангелова, ВМРО-ДПМНЕ.

Според предлог буџетот општината во следната година планира да потроши вкупно 27,5 милиони евра вклучувајќи ги во нив и блок-дотациите, односно парите кои влегуваат во општината од други институции за подмирување на сметки.
Градоначалникот на скопската Општина Центар, Андреј Жерновски.
Градоначалникот на скопската Општина Центар, Андреј Жерновски.

На седницата на општинскиот совет главна тема беше дилемата „катна гаража или ново училиште“, односно околу пренамената на еден од подигнатите кредити од претходната локална власт.
Јас мислам дека не може катните гаражи да имаат предност пред нешто за што заедно се залагавме сите, ново училиште.
Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

Во оваа катна гаража треба да се обезбедат 84 паркинг места кои ќе ги користи администрацијата, а инвестицијата треба да чини 4 милиони евра. Општинската власт планира овие пари да бидат пренаменети за изградба на основното училиште во Капиштец, а да се повлече планот за изградба на гаражата.

Советничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, бара изградба на двата објекта.

„Вие и во вашата програма имавте предвидено и катна гаража и изградба на градинка и изградба на основно училиште. Ако сега не ја изградиме оваа катна гаража, поради тоа што велите дека има недостаток на финансиски средства, а веќе има одобрен кредит, дали тоа ќе значи дека до крајот на вашиот мандат нема да изградите ни една катна гаража, поради тоа што веќе имаме одобрен кредит за една катна гаража, а вие понатаму ако сакате да правите катна гаража, тогаш нема да ви држи вода муабетот“, рече Рангелова.

Градоначалникот Андреј Жерновски вели дека нема доволно пари за изградба на двата објекта следната година.

„Има една политичка гарнитура во оваа држава, во овој град и во оваа општина чијашто политика се базира на катни гаражи. Во ред, таа е политиката. Јас мислам дека не може катните гаражи да имаат предност пред нешто за што заедно се залагавме сите, ново училиште. Моја убеденост, наша убеденост е дека тоа треба да биде приоритет. Сега, кој е во право, секој си ја брани својата политика“, рече Жерновски.

За ваквиот став на градоначалникот, од опозицијата следуваше одговор.

„Та значи дека се обидувате да ни пласирате една теза да споредуваме што е поголемо, еден метар или еден килограм“, вели Сашо Трпевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Општината планира да одвои 1,3 милиони евра за старт на изградбата на новото училиште во Капиштец, а за новата градинка се предвидени околу 1,1 милион евра. Пари од буџетот ќе се трошат и за реконструкција на веќе постојните објекти, а ќе се помага и развојот на спортот, поточно за кошаркарскиот клуб „Работнички“ е предвидена финансиска помош од околу 300.000 евра.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG