Достапни линкови

logo-print

Кипарските преговори блиску до неуспех


Кипар

Кипар

Кипарскиот претседател Никос Анастасиjадис денеска изјави дека напорите за обновување на преговорите за обединување на етнички поделениот остров се блиску до неуспех.
Според Анастасијадис, двете страни не можат да се договорат за „основните принципи“, врз основа на кои Кипар може повторно да се обедини.
Тој додаде дека кипарските Турци сакаат или две одделни држави или конфедерација, составена од две суверени земји.
Кипар е поделен на два дела од 1974 година, кога Турција изврши инвазија на островот и го окупира северниот дел, како одговор на воениот удар поттикнат од Грција.
Кипарските Турци девет години подоцна прогласија независност, но единствено Турција ја призна Турската Република Северен Кипар, каде се уште се наоѓаат 35.000 турски војници.
XS
SM
MD
LG