Достапни линкови

Тајм: Папата Франциско е личност на годината


Американскиот магазин „Тајм“ денеска го прогласи поглаварот на Римокатоличката црква Франциско за личност на годината. „Првиот неевропски папа во изминативе 1200 години е подготвен да го преобрати местото каде што за да се забележат промени се потребни векови“, се наведува во образложението на „Тајм“. Тој беше избран за папа во март годинава. Лани „Тајм“ по втор пат го прогласи американскиот претседател Барак Обама за личност на годината. Претходно тоа беше во 2008 година.
XS
SM
MD
LG