Достапни линкови

Грците лути што Бутарис стоел пред банер на кој пишувало Македонија


Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис во Скопје одржа прес конференција пред банер на кој пишуваше „Стопанската комора на Македонија“, јавуваат денеска грчките медиуми изненадени што тој прифатил да зборува пред таков натпис. Фотографијата на Бутарис пред банерот на Стопанската комора на Македонија предизвика остри реакции меѓу читателите. Извори од кабинетот на Бутарис за изјавиле дека градоначалникот не забележал што пишувало на банерот зад него.
Бутарис вчера во Стопанската комора во Скопје присуствуваше на презентација на областите кои Солун ги има дефинирано како можност за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG