Достапни линкови

Груевски ги повика германските бизнисмени во Македонија


Германските инвеститори да ја посетат Македонија и да ги искористат предностите што се нудат за инвестирање со цел изградба на капацитети и поттикнување на инвестициската активност. Таков апел упати македонскиот премиер Никола Груевски во обраќањето на конференцијата што се одржа во Берлин, во организација на Здружението на источна и средна Европа кое обединува германски компании од 29 држави. Германија, изјави премиерот Груевски, е најзначајниот трговски партнер на Македонија затоа што 20 проценти од извозот оди токму во оваа држава.
XS
SM
MD
LG