Достапни линкови

Грција почнува нов круг преговори со „тројката“


Грчката влада денеска почнува нов круг преговори со претставници на тројката меѓународни кредитори, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се очекува да траат една недела. Министерот за финансии Јанис Стурнарас изјави дека целта на Грција е до крајот на годината да ја добие траншата од една милијарда евра, за која земјата преговара со кредиторите. „Грција нема да пристапи кон нови намалувања“, изјави Стурнарас во интервју за американската телевизја Си-Ен-Би-Си, изразувајќи надеж дека кредиторите ќе ја деблокираат следната транша од заемите на земјата.
XS
SM
MD
LG