Достапни линкови

Улман: Високи бариери за македонските новинари


Интервју со Џон Улман
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:56 0:00

Интервју со Џон Улман

Односите меѓу владејачките структури и новинарите мора да бидат подобри. И двете страни имаат улога и не сум сигурен дека улогата на новинарите е разбрана како што треба, вели долгогодишниот американски истражувачки новинар и добитник на Пулицеровата награда Џон Улман во разговор за Радио Слободна Европа.

Џон Улман е пензиониран новинар, добитник на Пулицерова награда за истражувачка сторија во 1990 година, живее и работел во Минеаполис, САД. Улман во својата кариера бил долгогодишен заменик уредник за истражувачки проекти во „Стар Трибјун“ и има освоено повеќе од 40 награди во областа на новинарството. Тој беше прв извршен директор на меѓународната мрежа на истражувачки новинари и уредници и голем дел од своите проекти ги започна во The IRF Jouurnal, како што е датабазата на податоци. Основоположник, коавтор и коуредник е на прирачникот за истражувачки новинар. Дел од својата кариера ја поминал во Вашингтон пост, Индијанаполис Стар, Минеапилос Стар Трибјун и неколку неделници.

Г-дине Улман, вие сте во Македонија неколку дена, каква е вашата досегашна перцепција за состојбата со слободата на медиуми и слободата на изразување?

Како што рековте, овде сум кратко време и разговарав со 20 новинари и уредници и можеби стотина студенти по новинарство и други луѓе со кои зборувам, па моите забелешки не може да се сметаат за многу софистицирани, но јас сум експерт за новинарство и сум експерт во полето на одговорностите и слободата на печатот и демократијата и како тоа треба да функционира. Мислам дека пречките, бариерите со кои се соочуваат новинарите тука во речиси секоја инстанца се многу високи, многу повисоки од бариерите со кои се соочуваат новинарите во САД. Тажно е за некои бариери со кои се соочувате, на пример неможноста да добиете информација од владата. Во САД не мора ни да кажете зошто, не мора да наведете причина зошто ви е потребна информацијата, доколку е тоа по закон мора да ви ја дадат. Во САД имаме 200 години, особено во последните 100 години, имаме очекувања и новинарството беше заштитено уште од создавањето на државата особено во одредени области. Па постои комфорно ниво со кое сме согласни, има новинари, ќе поставуваат прашања, ќе мора да им ги одговорите и ќе ги читаме нивните стории со кои може да не се согласуваме и ќе се потрудиме сите да знаат кој е нашиот став, што ние мислиме дека не е во ред со приказната, но не на почетокот, не додека новинарот не е готов со сторијата. Исто така мислам дека економските услови се бариера, сите се соочуваат со тие бариери, но тие се бариера и за новинарите и се надевам дека новинарите тука нема да одат преку граница за да добијат три пати поголема плата од таа што добиваат тука, бидејќи сте и потребни на вашата земја. Но наполно ве разбирам ако го правите тоа, имате обврски кон вашето семејство и слично, но мислам дека тука има многу добри новинари кои што работат под такви услови и кога најдобрите и најбистрите ќе си заминат, а веќе има група на новинари кои што си заминале, тоа ние во САД го нарекуваме „одлив на мозоци“. Знаете, кога докторите си заминуваат, кога вие ги образувате тие луѓе, а тие не остануваат и стекнатото знаење го практикуваат некаде надвор од вашата земја, тоа е одлив на мозоци, тоа е нанесување штета. Ако добар дел од најдобрите и најбистрите си заминуваат, а за кое ми е кажано дека се случува тука во новинарството, а и основната економска теорија укажува дека тоа се случува, затоа што на пример новинарството е мобилна вештина и сè што ги интересира другите е само дали си добар во тоа што го работиш и тогаш, ако има слободно место, може да те вработат секаде. Сепак, не сум квалификуван да кажам нешто повеќе од ова.

Според вашето искуство и перцепцијата која ја имате за оваа земја, што мислите која тема би била најинтересна за истражување во Македонија?

Мислам дека постојат двата вида на новинарство, истражувачко и она што го нарекуваме известување за јавните работи, каде што не е дека обвинуваме некого за пукање или убивање на некого, но тоа не функционира. За тој вториот вид, јас можам да ви дадам многу стории кои би биле интересни да се направат тука, но што се однесува до истражувањето, вие не можете да измислите приказни без да имате некоја основа за да излезете и да почнете да истражувате, некои документи или извори кои имаат информации од прва рака. Тоа мора да го направите, јас не би можел да ви дадам теми за истражување, бидејќи не сум тука долго време. Вообичаено новинарите посветуваат многу време на Владата, вклучително и на безбедносните сили, посветуваат внимание и на другите јавни институции и на крај посветуваат значително време на бизнисот и на здравствената заштита. Има причини кои сугерираат дека тие теми ги биле и тука интересни, но не знам доволно за да можам точно да одговорам на ова прашање.

Ако има шанси, зборувам хипотетички, да бидете главен уредник на некој од главните медиуми во Македонија и ако се обидете да ги решавате проблемите тука, од што ќе започнете?

Една од работите што би ги направил е што нема да им дозволам на моите новинари да им ги даваат предвреме прашањата на луѓето што ги интервјуираат. Тие ќе одат и ќе ги постават прашања, а луѓето може да одговорат или да не одговараат. И ако одговорат тоа ќе биде објавено и ако не одговорат исто така ќе биде објавено во весник или на телевизија или на интернет. Мислам дека новинарот треба да одговара пред уредникот и пред никој друг и така е според законот. Од приказните што ги слушнав тука, мислам дека односите меѓу владејачките структури и новинарите мора да бидат подобри. И двете страни имаат улога и не сум сигурен дека улогата на новинарите е разбрана како што треба. Мислам дека се потребни повеќе дискусии за ова меѓу новинарите и правната ситуација треба да се поттикне. Мислам дека е потребно повеќе атрибуирање во приказните за да знаат нашите читатели и гледачи од каде сме ја добиле информацијата. И ако сум добар се разбира дека веднаш ќе добијам покачување и ќе се потрудам и новинарите да добијат покачување на платата и во тоа и ќе успеам затоа што тоа ќе биде еден од условите за моето вработување.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG