Достапни линкови

Третиот конгрес на ДУИ на 5 јуни идната година


Али Ахмети, лидер на ДУИ

Али Ахмети, лидер на ДУИ

Централното претседателство на ДУИ синоќа одржа редовна седница на која го разгледуваше извештајот на Одборот за организација на внатрешните партиски избори, со акцент на динамиката на реализација на изборниот процес во локалните ограноци на Партијата. Во денешното соопштение се наведува дека со оглед на ваквата динамика Централното претседателство реши годишнината на основањето на ДУИ, 5 јуни наредната година да биде ден кога ќе се одржи третиот конгрес на партијата. За претседател на организациониот Одбор е назначен генералниот секретар Абдулаќим Адеми за Централното претседателство дискутирало и за правичната застапеност на заедниците во институциите и поголемите компании.
XS
SM
MD
LG