Достапни линкови

Немало средба меѓу Кери Венизелос во Брисел


Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос

Вашингтон негира дека во минатата недела во Брисел се одржала средба меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, на која се разговарало за Македонија, јавува МИА. Грчките медиуми деновиве информираа за настапот на Венизелос, кој на средбата на министрите на НАТО во Брисел го поткрепувал грчкиот став дека и на самитот во Британија, Македонија не треба да добие покана за членство. Грчкиот весник Та Неа, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека веднаш по обраќањето на Венизелос, американскиот државен секретар Џон Кери му пришол, и разговарале за спорот за името. Но, во американскиот Стејт департмент велат дека ваква средба немало.
XS
SM
MD
LG