Достапни линкови

Манифестација за мултикултурализмот во Македонија


Во Драмскиот театар во Скопје денеска ќе се одржи манифестација за промовирање на културните различности во Македонија која треба да ја подигне јавната свеста за значењето на мултикултуризмот од аспект на стабилност и соживот. Целта е промовирање и зачувување на културата на заедниците, со што ќе им се даде можност на припадниците на заедниците да ја претстават својата културно уметничка дејност. На манифестацијата ќе учествуваат 13 културно уметнички друштва од различни заедници кои живеат во Македонија, а на присутните ќе им ја претстават својата традиција преку ора, игри, песни и обичаи.
XS
SM
MD
LG