Достапни линкови

Експлозија кај аеродромот во Кабул


Бомбаш-самоубиец нападнал конвој на странски војници во близина на меѓународниот аеродром во главниот град на Авганистан, Кабул. Нападот го потврди портпаролката на Меѓународните сили за помош во безбедноста предводени од НАТО (ИСАФ). Авганистанското министерството за внатрешни работи соопшти дека во експлозијата нема жртви. Аеродромот е дом на една од најважните бази на командата предводени од НАТО-ИСАФ. Аналитичарите велат дека нападите врз силно обезбедениот аеродром се релативно ретки и објектот претставува амбициозна цел за бунтовниците.
XS
SM
MD
LG