Достапни линкови

Лавров во посета на Техеран


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска ќе оствари разговори во Техеран. Лавров треба да се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф. Меѓу темите, на дневен ред е неодамнешниот привремен нуклеарен договор меѓу Техеран и шестте светски сили постигнат во Женева. Техеран се согласи да ја ограничи нејзината нуклеарна програма во замена за ослободувања од меѓународните економски санкции. Сепак, претходно оваа недела Зариф рече дека договорот ќе биде "мртов", ако Конгресот на САД одобри нови санкции врз Иран. Се очекува Лавров и иранските официјални да разговараат за плановите околу Сириската мировна конференција. Москва и Техеран го поддржуваат режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG