Достапни линкови

Кери бара да нема нови санкции против Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери апелираше до американските законодавци да не наметнуваат нови санкции против Техеран откако светските сили го спроведоа првиот чекор од договорот кој бара сеопфатен договор со Иран за спречување на неговата нуклеарна програма. Кери изјави дека тие бараат да им се даде простор и време на експертите и преговарачите да ја завршат својата работа. Тој исто така рече дека ако договорот за градење доверба постигнат минатиот месец во Женева пропадне, американската администрација ќе побара од Конгресот повеќе санкции против Иран. Републиканците и демократите членови на влијателниот Комитет за надворешни порашања покренаа прашање околу тоа дали договорот од 24 ноември соодветно ја ограничува иранската нуклеарна програма во замена за некои олеснување за санкции на Техеран.
XS
SM
MD
LG