Достапни линкови

Протестни зони за време на олимпијадата во Сочи


Шефот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах соопшти дека руските организатори се согласиле да формираат протестни зони за време на Зимските олимписки игри во Сочи. Бах изјави дека Русите ќе постават одредени области за "луѓето кои сакаат да го изразат своето мислење или сакааат да покажат дали се за или против нешто."
Во август, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се забрануваат "собири, митинзи, демонстрации, маршеви и протести" за време на Олимписките игри и Параолимпијадата во Сочи. Аналитичарите коментираат дека декретот на Путин се појави како одговор за да се исклучат можните демонстрации против контроверзниот закон за забрана за промоцијата на "нетрадиционалните сексуални односи" на малолетни лица.
XS
SM
MD
LG