Достапни линкови

logo-print

Крај на американско-руското нуклеарно партнерство



САД и Русија го одбележуваат крајот на 20-годишната програма за претворање на високо збогатен ураниум од демонтираните руски нуклеарни оружја во гориво за американските термоцентрали. Конечната испорака пристигна во Балтимор оваа недела. Тоа беше последната испорака во рамките на програмата позната како „Мегатони во мегавати“. Секретарот за енергетика Ернест Мониц ја нарече програмата една од најуспешните кои што некогаш биле преземени.Околу 500 тони високо збогатен ураниум, што е еквивалентно на околу 20.000 нуклеарни боеви глави е претворена во гориво за американските нуклеарни реактори. Русија побара да се стави крај на програмата жалејќи се дека САД не плаќаат доволно за ураниумот.
XS
SM
MD
LG