Достапни линкови

Земјотрес ја погоди Подгорица


Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа бил регистриан во реонот на црногорскиот главен град Подгорица. Потресот предизвикал вознемиреност кај граѓаните, од кои некои во паника ги напуштале своите домови. Нема инфромации за материјални штети, иако според Сеизмолошкиот завод на Црна Гора, ваквите потреси би можеле да предизвикаат оштетувања. Жариштето на земјотресот било на длабочина од 13 километри под површината на земјата. По овој потрес биле регистирани и серија послаби земјотреси.
XS
SM
MD
LG