Достапни линкови

Ликовната поетика на Бурим Укиќи во Чифте амам


Бурим Укиќи, сликар.
Бурим Укиќи, сликар.

Четириесеттина слики масло на платно на академскиот уметник Бурим Укиќи се изложени на ликовната постановка што од 10 до 20 декември се одржува во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам. Ова е четврта негова самостојна изложба и доаѓа непосредно по јунското претставување на тетовскиот сликар во Македонскиот културен центар во Њујорк.

Сликарството на Бурим Укиќи е магично, мистично, а истовремено реално, чисто, јасно и смирено. Како бакнежи на сонот и јавето, како средби на прозното и материјалното. Во платната тој внесува повеќе евокација отколку опсервација, повеќе чувство отколку реалност, повеќе носталгија и внатрешна потреба за стожерство и идентитет.
Изложбата нема заеднички генерален наслов, туку сите слики си имаат сопствени имиња. Згора на тоа секое дело нуди и своја порака. Сликата јас ја разбирам како идеја на уметникот кој преку боите и линиите сака нешто да му соопшти на гледачот.
Бурим Укиќи, сликар.

Ова ќе го запише директорката Халиде Палоши во каталогот за изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи, која од 10 до 20 декември, се одржува во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам. На оваа постановка се претставени 40-тина дела масло на платно во различни формати настанати во последниве три години.

Во нив доминираат апстрактните содржини со препознатливите бои – црвена, зелена, жолта и црна и тие создаваат карактеристична хармоничност
на колоритот, оставајќи му простор на авторот „да проговори за временските секвенци, за просторот и за вредностите од постоењето кои ја облагородуваат психата на секој поединец“.

„Изложбата нема заеднички генерален наслов, туку сите слики си имаат сопствени имиња. Згора
Доминантна тема на оваа изложба се спомените од минатото. На сликите се забележани моменти од детството, игри, соништа...
Бурим Укиќи, сликар.
на тоа секое дело нуди и своја порака. Сликата јас ја разбирам како идеја на уметникот кој преку боите и линиите сака нешто да му соопшти на гледачот. Мислам дека секој уметник, независно со какви средства се служи, со четката и боите во ликовната уметност, нотите во музиката ... има желба едноставно на свој специфичен начин да и ги пренесе сопствените чувства и емоции на
публиката“, истакнува Бурим Укиќи.

Роден 1980 година, тој дипломирал и магистрирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности при Државниот универзитет во Тетово. Зад себе има бројни групни постановки и три самостојни изложби од кои двете во родниот град и една во Македонскиот културен центар во Њујорк. За своето прво ликовно претставување во Националната галерија на Македонија тој направил селекција од делата настанати во последниве три години од кои некои се плод на неговиот магистерски труд, а останатите биле специјално работени за постановката во САД.

„Доминантна тема на оваа изложба се спомените од минатото. На сликите се забележани моменти од детството, игри, соништа...а на сликите што ги работев за изложбата во Њујорк има многу музика, фигурација и полуфигурација. “

Укиќи дополнува дека тој , во некоја рака, го следи она што го забележал ликовниот критичар Жан Пјер Вебер кој вели дека сликарството всушност претставува откривање на раното детство и потенцира дека оваа мисла се совпаѓа со тоа како тој самиот ја поима ликовната уметност. Притоа истакнува дека настојува да ја долови драматиката на дејствијата кои како да се откраднати од некоја имагинарна театарска претстава („Драма 1“ и „Драма 2“), да се осмели да ги отслика сопствените чувства при погледот на Монковата - „Врисок“ и така со ред.

Од таму, не чуди кога за него кураторката Татјана Бундалевска ќе забележи дека тој создава сопствен сликарски свет исполнет со музика и магија ( најдобар показ за тоа се делата „Виолинистот“ и „Музика“), со линија и светлина и со огромна љубов со која го создава, го воздигнува и го негува сликарството.
XS
SM
MD
LG