Достапни линкови

Ѓукановик, Дачиќ: нема договор за двојно државјанство


Премиерите на Црна Гора и на Србија Мило Ѓукановиќ и Ивица Дачиќ денеска во Белград изјавија дека за сега не бил можен договор за двојно државјанство. Тие изразија уверување дека со натамошниот пораст на довербата меѓу двете земји ќе се создаваат услови и за изнаоѓање решение во оваа сфера. Ѓукановиќ за прв пат престојува во Белград откако Црна Гора се одвои од Србија.
XS
SM
MD
LG