Достапни линкови

Кој го спречува Скопје да дише?


Екологистите бараат транспарентен мониторинг што ќе покажува загадувањето во градот. Од Министерството за животна средина велат дека на терен состојбата со загадувањето ја мерат инспекторски служби.

Екологистите бараат да се утврди многу јасно кои се изворите што во овој период придонесуваат особено за загадување на воздухот во Скопје.
Jас не верувам дека големите загадувачи ќе инвестираат со нивни пари да платат технологија, а и не верувам дека владата ќе ги затвори.

За да се исполни таа обврска треба да има и транспарентен мониторинг и известување како што беше со јавниот монитор пред две година кој го покажуваше загадувањето во центарот на градот, вели Искра Стојковска од еколошката организација Фронт.

„Кога баш стана алармантно и кога „случајно“ го исклучија нели. Тоа е нетранспарентно, мислам дека треба јасно да се дефинира од каде точно доаѓа загадувањето.“

Некои мислат дека загадувањето генерално доаѓа од индустријата, од домовите поради загревањето во зимскиот период и од сообраќајот и оти треба да се работи како да се намали
Да ги направите споредбите наназад ќе видите подобрување на состојбата, и тоа нешто кога ќе се направи во Скопје, сите ќе бидеме сведоци дека состојбата за неколку години ќе биде далеку подобра.
влијанието од овие три извори. Според дел од екологистите најголемиот проблем со загадениот воздух е во големите индустриски капацитети. Големите загадувачи до април имаат рок да ги прилагодат индустриските капацитети за да го намалат загадувањето, но очекувањата од ова не се преголеми.

„Јас не верувам дека големите загадувачи ќе инвестираат со нивни пари да платат технологија, а и не верувам дека владата ќе ги затвори, меѓутоа тоа останува да го видиме, тоа би било прв приоритет“, вели Стојковска.

Решавањето на проблемот е и во намалување на сообраќајот, зимно време користење на квалитетни горива во домаќинствата и во гасификацијата вели Методија Саздов од еколошкиот Зелен Центар. Дури со 30 проценти во загадувањето учествуваат возилата, потсетува Саздов.

„Голем проблем се и сообраќајниците, кога возилата стојат на семафори, долгото стоење емитира се повеќе и повеќе штетни гасови.“

Проблемот со загадениот воздух освен во големите индустриски капацитети, е и во неразумната урбанизација која го задржува воздухот, поради што загаденоста на Скопје за неколку пати ги надминува дозволените вредности, вели Стојковска.

Од Министерството за животна средина велат дека на терен состојбата со загадувањето ја мерат инспекторски служби. Долгорочно треба да се работи на замена на мазутот со гас како што на пример направи Клинички Центар, изјави Соња Лепиткова државен секретар во Министерството за животна средина.

„Да ги направите споредбите наназад ќе видите подобрување на состојбата, и тоа нешто кога ќе се направи во Скопје, сите ќе бидеме сведоци дека состојбата за неколку години ќе биде далеку подобра.“

Состојбата со алармантното загадувањето на воздухот се повторува секоја година кога е грејната сезона. Од Владата велат дека воведуваат зелен бран на булеварите, работат на нивно проширување, и набавуваат автобуси со еколошки горива. Меѓутоа засега никој не може да ги почувствува ефектите од преземените мерки, а во последно време екологистите препорачуваат граѓаните да ја ползуваат корисноста од викенд прошетките на Водно.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG