Достапни линкови

Со пат, а не со споменик до економски раст


Добра идеја е државата да троши во услови на рецесија, но ако гради, поарно е да гради патишта, отколку споменици, велат упатените.

Подобро е пат отколку споменик – инвестирањето државни пари за поттикнување на економскиот раст не е невиден метод за поттикнување на економскиот раст, но проблемот е во исплатливоста на инвестициите и одржливоста, велат упатените.
Поарно е пат, бидејќи ќе донесе приход, полошо е споменик, бидејќи нема да донесе приход, или барем не толкав, или никаков, но во моментот кога се троши луѓе се вработуваат.
Светската банка неделава излезе со пофалби за економскиот раст на Македонија и загриженост за јавниот долг.

Извозот не расте како што напредува економијата, а главен двигател на растот, според извештаите е градежништвото кое се финансира од народни пари, што ја проблематизира одржливоста на ваквиот тренд.

Доктор Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека добра идеја е државата да троши во услови на рецесија.

„Одржливоста зависи и од тоа, така да кажам, дали сте изградиле и споменик, сте изградиле и пат, тоа е проблемот, или тоа е изборот. Поарно е пат, бидејќи ќе донесе
Секоја компанија која сака да инвестира во Македонија, било странска, било локална, се чувствува малку загрозена од оваа предност или вето што државата им го дава на одредени компании.
приход, полошо е споменик, бидејќи нема да донесе приход, или барем не толкав, или никаков, но во моментот кога се троши луѓе се вработуваат.“

Освен градежништвото, растот и во други сектори на економијата се базира на големи субвенции од државата, забележува еконономскиот аналитичар Висар Адеми

„Наместо државата да субвенционира локални компании кои извозот и на добивање на регионални тендери за кои треба и така и така тие компании да функционираат и да опстојат, владата го дивертира целиот фокус и креира артифицијални работи во самата држава, за да може да ги финансира овие компании.“

Поконкретно, владата со финансиски инјекции им дава компаративна предност на локални компании а за сметка на тоа страдаат фирмите кои не се инволвирани во владини проекти, смета Адеми.

„Секоја компанија која сака да инвестира во Македонија, било странска, било локална, се чувствува малку загрозена од оваа предност или вето што државата им го дава на одредени компании.“

Според проценките на Светска банка, Македонија е на прво место според економскиот раст во споредба со Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Јавниот долг, од друга страна, е прашање кое според меѓународната организација треба сериозно да се сфаќа и покрај тоа што минусот не е навлезен во опасна зона.
XS
SM
MD
LG