Достапни линкови

Цар Душан - енигма која сите ја знаат!


Споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје.

Споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје.

Оние што се обидоа да го урнат, признаа, ама се уште не се јавуваат оние што го поставија споменикот на Цар Душан. Споменикот не е дивоградба, ама кој го поставил!?

Споменикот на Цар Душан не е дивоградба, тој е дел од проектот Скопје 2014, а проектот доби поддршка од граѓаните на неколку изборни циклуси и не знам зошто се крена толку прашина во јавноста, коментира Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Ако проектот Скопје 2014 е државен проект, не знам што е тука спорно? Како може нешто да биде дивоградба? Како може да се проблематизира нешто?
„Ако проектот Скопје 2014 е државен проект, не знам што е тука спорно? Како може нешто да биде дивоградба? Како може да се проблематизира нешто? Сега дали и која институција во проектот 2014 учествувала од која страна, тоа е најмалку спорно, спорно е тука што врз основа на таа приказна сега се води кампања да се докаже дека споменикот е кобајаги т.н дивоградба, за да се провоцираат некакви си сили за да прават проблеми, како што ги прават.“

Стоиљковиќ се прашува како може само споменикот на Цар Душан да биде дивоградба кога на мостот има еден куп споменици.

Африм Гаши, предводникот на групата граѓани кои протестираа
Полицијата го бранеше споменикот и ние дојдовме до заклучок дека штом полицијата нешто брани, тоа е поставено од владата, значи адресата е точна.
пред споменикот на Цар Душан, вели дека споменикот го поставиле оние институции кои го бранеле.

„Полицијата го бранеше споменикот и ние дојдовме до заклучок дека штом полицијата нешто брани, тоа е поставено од владата, значи адресата е точна. Потоа имаше разни вести, видовте како Стоилковиќ пред своите сопартијци, каде што беше и министерката Гордана Јанкулоска, изјави дека ќе се постави споменикот, тоа се е планирано, проблемот е зошто не кажуваат, треба да кажат и да стојат зад тоа.“

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, вели дека сето она што се случуваше изминатите неколку денови им одговара на губитниците во земјава и на „некои медиуми“ кои врз база на говор на омраза се обидуваат да спечалат некакви поени.

„Ова е повеќе од атак врз српската заедница, обид за бришење на трагите за постоењето на еден народ во Република Македонија. Тоа е систематски континуирана политика на еден дел од политичката елита и на дел од медиумите која ја работат таа работа. Ова веќе ги поминува границите на секое нормално однесување. Просто не можам да верувам од каде потекнува сето тоа. Тие луѓе до вчера одеа по српските села, носеа српски шајкачи да ги убедуваат Србите да гласаат за нив, сега како тоа, како тоа? Мислат дека не знаеме ништо, дека не гледаме ништо? Не можам да верувам и за жал еден добар дел од медиумите им помагаат во тоа.“

Гаши вели дека целиот проект Скопје 2014 не им оди во прилог ниту на граѓаните, ниту на државата.

„Од тоа имаат придобивки само одредени клановски групи и лични интереси на мали групи. Ако гледаме глобална од интерес на државата и на граѓаните, секој што малку сака да види реално, кој има рационален ум да пресуди, ќе види дека тоа не му иде во прилог на никого.“

Дел од албанските невладини организации од Јавниот обвинител бараат да открие која институцијата го поставила споменикот, како и да спроведе истрагата на законитоста и регуларноста на постапката за поставување. Општина Центар и Министерството за култура демантираа дека тие го поставиле споменикот на Цар Душан на Мостот Око во центарот на Скопје.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG