Достапни линкови

logo-print

Ердоган ја налути Грција


Историски и географски референци за област со силно историско значење, како што е Балканот, секогаш мора да се прават многу внимателно, изјави денеска портпаролот на грчкото МНР Константин Кутрас во одговор на изјавите на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Кесан.

За време на неговиот говор во Кесан, во Источна Тракија, турскиот премиер нагласи дека Тракија е од особено значење за него и неговата Влада.
Тракија во исто време е Солун, Комотини, Ксанти, Делиорман, Вардар, Карџали, и ако ние одиме уште поназад во времето, Тракија во исто време е Скопје, Призрен, Сараево Тракија е нашата жива заедничка историја во Европа. Таа е претставник на нашето минато во овој регион,, рече Ердоган.

Оваа изјава на турскиот премиер предизвика бура реакции во Грција, а медиумите ја нарекоа предизвикувачка, опасна и уште една закана од страна на Турција.
XS
SM
MD
LG