Достапни линкови

logo-print

Собранието усвои оставки на двајца лустратори


Собранието на Република Македонија денеска ги усвои оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски од функцијата член на Комисијата за верификација на фактите. Во барањата за оставките Гешовски и Витановски оценуваат дека процесот на лустрација целосно ја промашил својата цел за што потврда стигнала и од Венецијанската Комисија. Во име пратеничката група на СДСМ пратеникот Игор Ивановски рече дека „со прифаќање на оставките во иднина целокупната одговорност за процесот на лустрација паѓа исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ“.
XS
SM
MD
LG