Достапни линкови

„Репортери“ со осуда на нападите врз медиуми во Украина


Репортери без граници ги оценија како нелегални нападите врз канцелариите на три опозициски медиуми во Киев. Во соопштението на Репортери без граници се бара истрага и одговорност и наведува дека рациите во весникот Вечењи вести , интернет телевизијата ИНТВ и интернет страницата Цензор.нет се сериозни повреди на слободата на информации и Уставот на Украина. Трите медиуми им припаѓаат на претставници на опозициската Татковинска партија.
XS
SM
MD
LG