Достапни линкови

Мемети: човековите права му припаѓаат на секој поединец


Сите луѓе, се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права”, вели Универзалната декларација за човековите права со чие усвојување денешниот ден се слави како Меѓународен ден на човековите права.Почитувањето на човековите права е императив за сите нас без разлика каде сме, што работиме, на која раса или вера и припаѓаме. Тоа е темел на современото заедничко живеење. Човековите права се однесуваат на секој поединец и му припаѓаат на секој поединец, се вели во соопштението на народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети по повод Денот на човековите права10 декември.
XS
SM
MD
LG