Достапни линкови

Градоначалникот на Солун во посета на Скопје


Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис денеска е во посета на Скопје каде ќе бидат промовирани областите кои Солун ги има дефинирано како можност за унапредување на билатералната соработка во иднина.
Ова е прва посета на Скопје на солунскиот градоначалник, кој и во минатотот на неколку пати има споменато дека потребна е поблиска соработка на Скопје и Солун.
Тој ќе се состане со градоначалникот на Скопје Коце Трајановски а со претседателот на македонската Стопанската комора, Бранко Азески, ќе го отворат работниот состанок на кој ќе биде преставен „Солун-град на бизнисот, туризмот, транспортот, образованието и европската престолнина на младите во 2014 година“.
XS
SM
MD
LG