Достапни линкови

Иран и Пакистан заедничкиот гасовод е приоритет


Пакистан вели дека е постигнат договор со Иран за забрзување на проектот за гасоводот.
Во денешното соопштение на пакистанското Министерство за надворешни работи се вели дека наскоро ќе се сретнат експерти од двете страни за да го разгледаат проектот дизајниран за да ги поврзува иранското гасно поле Јужен Парс со потрошувачите во Јужна Азија.
Иран има изградено повеќе од 900 километри гасовод на сопствена територија до границвата со Пакистан.
САД се противат на проектот вреден 7,5 милијарди долари поради тоа што тоа би можело да ги наруши санкциите наметнати врз Иран во врска со нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG