Достапни линкови

logo-print

ОН ќе ја проверуваат безбедноста на ураниумот во Либија


Нуклеарниот инспекциски тим на ООН ќе отпатува во Либија за да ја провери безбедноста на ураниумот познат кakо јелоукејк. Тимот од меѓународната агенција за атомска енергија ќе пристигне во земјата овој месец. Специјалниот претставник на ООН за Либија, Тарек Митри рече дека ООН добиле информации оти 6400 буриња од овој ураниум се чуваат во објект во близина на Сабха под контрола на војската. Јелоукејк е концентриран природен ураниум и е клучен материјал при подготовката на нуклеарно гориво.
XS
SM
MD
LG