Достапни линкови

НАСА пронајде докази дека постоело езеро на Марс


Научниците од американската вселенска агенција НАСА велат дека нашле докази за древно езеро на Марс што ја поддржува тезата за постоење микробилошки живот. Научницвте велат дека езерото веројатно опфаќало површина од 50 километри а примероци земени од езерото покажуваат дека тоа постоело најмалку десетици илјади години. Научниците велат и дека езерото во Гејл Кратерот би можело да одржува едноставен вид на микроби кои што на земјата живеат во пештери или и хидротермални води на океанското дно.
XS
SM
MD
LG