Достапни линкови

Груевски на средба со амбасадорите на ЕУ


Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
На средбата чиј домаќин беше италијанскиот амбасадор во ЕУ Стефано Санино, премиерот Груевски пред дипломатскиот кор во Брисел ги објасни чекорите на македонската Влада за зачленување во ЕУ, за реформскиот процес и напорите кои се превземаат на полето на економијата.

Груевски претходно во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

„Мислам дека господинот Ван Ромпуј директно од нас доби вистинска слика за она што се случува во Македонија оти кај секој политичар овде пристигнуваат различни информации од различни страни“, изјави Груевски.

На средбата Ромпуј повторил дека за отворањето на преговорите за членство е неопходна согласност од сите членки на Унијата.
XS
SM
MD
LG