Достапни линкови

logo-print

Груевски: на Европскиот совет е да одобри почеток на преговорите


Македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, Брисел 09.12.2013.

Македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, Брисел 09.12.2013.

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. Притоа, како што изјави за за МИА, на Ромпуј му ги претставил напорите на владата во однос на реформската агенда поврзана со Европската унија. „Мислам дека господинот Ван Ромпуј директно од нас доби вистинска слика за она што се случува во Македонија оти кај секој политичар овде пристигнуваат различни информации од различни страни“, изјави Груевски. На средбата Ромпуј повторил дека за отворањето на преговорите за членство е неопходна согласност од сите членки на Унијата. Груевски денеска во Брисел е и на работен ручек со амбасадорите на земјите членки на ЕУ на кои се очекува да им ги објасни чекорите на Владата за зачленување во Унијата.
XS
SM
MD
LG