Достапни линкови

Без повод за славење на Денот на човековите права


Марш на толеранцијат во Скопје.

Марш на толеранцијат во Скопје.

Десетти декември, меѓународниот ден на човековите права, ќе биде ден кога ние нема да можеме да се пофалиме со било каков развој, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Во Македонија има проблеми со почитувањето на човековите права, констатираат упатените кои даваат различни мислења на прашањето дали имаме општ проблем со непочитување на човековите права или станува збор за неколку изолирани инциденти.
Оваа година беше година во која се бележеа голем број на насилства, нереагирање на институциите, ненаоѓање на сторителите на овие казниви дела.

Темата се актуелизира на одбележувањето на десетти декември, меѓународниот ден на човековите права. Според Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, десетти декември ќе биде ден кога ние нема да можеме да се пофалиме со било каков развој.

„Оваа година беше година во која се бележеа голем број на насилства, нереагирање на Марш за толеранција во Скопје.

Марш за толеранција во Скопје.

институциите, ненаоѓање на сторителите на овие казниви дела, а во последно време сметам дека и најсериозен податок е дека постојано продолжуваат да се случуваат инциденти меѓу младите луѓе од различни етнички заедници.“

Дополнително, истрагата за нападите врз припадниците на
Повеќе може да станува збор за некакви исклучоци, а тие исклучоци според моето мислење сепак не го менуваат и не ја доведуваат до прашање основната, главната определба на нашата држава.
ЛГБТ заедницата не даде резултати а токму тој настан влезе во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, потсетува Пировска.

Професорот Осман Кадриу, од друга страна, вели дека генерално во Македонија се почитуваат човековите права и земјава треба да го одбележи десетти октомври.

„Повеќе може да станува збор за некакви исклучоци, а тие исклучоци според моето мислење сепак не го менуваат и не ја доведуваат до прашање основната, главната определба на нашата држава како демократска, социјална и самостојна држава.“

Не се согласувам дека станува збор за изолирани инциденти и треба да се има предвид и тоа како институциите на системот реагираат на вакви случаи, вели Пировска.

„Она што се случуваше и што се случува јасно укажува на тоа дека не постои ниту превенција, ниту навремена заштита и спроведување на соодветни истраги кога станува збор за насилството врз маргинализираните заедници. Од друга страна постојано Република Македонија ва лоши оценки постојано добива лоши оценки и кога станува збор за правото на слободно изразување и слободата не медиуми.“

Постојат области каде мора да се работи, смета професорот Кадриу

„ Како правото на слободно изразување и другите права, било како поединечни или како колективни права.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG