Достапни линкови

logo-print

Трагедија на фудбалски натпревар во Бразил


На синоќешниот натпревар од последното коло од шампионатот во Бразил одигран во Жоинвил меѓу Атлетико Параненсе и Васко де Гама еден навивач го загуби животот, а еден е во кома откако дојде до физичка пресметка на навивачите на двата тима на трибините.
Во инцидентот има и повеќе повредни од двете навивачки групи.
Полицијата за да ја прекине тепачката мораше да употреби гумени куршуми и солзавец.
Бразил е домаќин на Мундијалот, а инцидентот се случи само неколку дена по извлекувањето на групите. Светското првенство ќе се одржи од 12. јуни до 13. јули следната година.
XS
SM
MD
LG