Достапни линкови

logo-print

Турско ерменско ракување - светски рекорд


Armenia

Armenia

Со цел подобрување на односите меѓу Ерменија и Турција, актерите, ерменецот Oганес Аџинијан и турчинот Денис Бариш, поставија светски рекорд за најдолго ракување.
Тие се ракуваа 43 часа на настанот во Тбилиси, во Грузија организиран од турската и ерменската Невладина мрежа - ТАНГО. Ракувањето почна на 6 декември, а заврши на 8 декември. Целиот настан беше снимен и ќе биде испратен до Гинисовата книга на светски рекорди.
Актерите изјавија дека сакаат да покажат оти историскиот конфликт меѓу Ерменија и Турција не може да ги спречи претставниците на двата народа да комуницираат. Ерменија ја обвинува Турција за масовните убиства на речиси 1,5 милион Ерменци за време на Првата светска војна.
Ерменците тоа го нарекуваат геноцид, што како термин е одбиен од Анкара.
XS
SM
MD
LG