Достапни линкови

Протестите во Киев траеле преку целата ноќ


Илјадници демонстранти останале на улиците во Киев преку целата ноќ.Повеќе од половина милион Украинци вчера излегоа во главниот украински град на протести на кои побараа претседателот Виктор Јанукович да си замине од власт
за да може земјата да се приближи кон ЕУ. Некои демонстрантите го урнале споменикот на Ленин во Киев Портпаролот на украинскиот премиер Микула Азаров оцени дека уривањето на споменикот е чин на варваризам.Илјадници демонстранти ги блокирале и приодите кон главните владини згради со автомобили со што тензиите ескалирале.Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо ја нагласил потребата од политичка солуција во телефонскиот разговор со Јанукович кој исто така разговарал за кризата и со Генералниот Секретар на ОН Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG