Достапни линкови

Експертите ја комплетираа инспекцијата во Иран


Експертите на Обединетите нации од Меѓународната Агенција за атомска енергија ја комплетирале едно -дневната инспекција во нуклераниот капацитет во Иран. Вчерашната инспекција на капацитетот Арак е прва посета од експертите на Агенцијата за Атомска Енергија во последните две години.Инспекцијата е дел од ноемврискиот договор меѓу Иран и шесте светски сили. Меѓународнот договор го обврзува Иран да се откаже од делови од нуклеарната програма,а во замена да добие олеснувања на економските сакции. Постоја сомневањата дека е можно нуклеарниот капацитет Арак, што се наоѓа на околу 300 километри од Техеран, да се користи за производство на оружје со плутониум. Инспекторите треба да ги објават резултатите од истргата во Арак по нивното враќање во седиштето на Агенцијата за Атомска Енергија во Виена.
XS
SM
MD
LG